Ваша перспектива. Наша иновативност.

Ecash е збир од професионалност и искуство стекнато со години, влеано во платформа која ќе ги задоволи сите ваши потреби.

Кои сме ние?

Ние силно веруваме дека успешна приказана е онаа што останува верна на своите вредности. Но, успехот на еден бизнис не е претставен само преку неговата приказна или вредности, туку и преку неговите достигнувања, неговиот раст и неговото влијание.

На таа нота, нашата приказна започнува вака:

Пред 25 години, во малиот град ‘s-Hertogenbosch (Холандија), кога Тони Ван Лаарховен, генерален менаџер и ко-основач на Ecash софтверот, создадва начин да им понуди на сопствениците на ресторани многу попогоден начин за управување со нивните бизниси. Она што тој го понуди беше едноставен, но многу ефикасен ПОС систем кој може да го управува секој без посебна обука.

До овој момент, издадовме над 3000 лиценци,продадовме повеќе од 300+ софтверски решенија и се проширивме во 3 земји, покажувајќи ги нашите успеси надвор од домашниот пазар.

Постојаната желба за напредок ги прошири нашите хоризонти, овозможи освојување на нови пазари и ни даде многу појасна визија за иднината.

Ние сме многу мотивирани да станеме едно од најдобрите софтверски решенија во европската POS индустрија и пошироко. Со здружување на силите ќе успееме.

Мисија, Визија и Вредности

Нашиот работен процес отсекогаш бил клучен елемент во нашето работење. Ние секогаш одлучуваме да слушаме што имаат да кажат нашите клиенти. Со тоа го отвораме патот кон успехот, сето тоа затоа што остануваме верни на нашиот збор и на односите што ги негуваме.

МИСИЈА

Се стремиме кон тоа угостителството да биде подобро место за сите кои се вклучени во процесот.

ВИЗИЈА

Да понудиме одржливо решение кое ќе го трансформира секој бизнис во успешна приказна, одвнатре и однадвор.

ВРЕДНОСТИ

Имаме приоритет на тесна соработка со бизнисите за да ги разбереме нивните уникатни потреби и да создадеме приспособени решенија кои ги задоволуваат истите.

Запознајте го нашиот тим

Зад секој успешен продукт стои тим поттикнат од желбата да го освои светот.
Запознајте ги нашите професионалци.

Tonny Van Laarhoven

General Manager

Viktor Nikolovski

Operational Manager

Stephan Udo

Sales Manager

Stefan Trajković

Head of Engineering

Ljupcho Crvenkovski

Head of Development

Tamara Timmermans

Commercial Director

Chris Weller

Technical Service Manager

Marc van Gemeren

Technical Service Manager